Како што се очекуваше: Јунајтед го претстави новиот тренер!

Поранешниот фудбалер на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскер ќе биде привремен тренер на клубот, откако вчера Жозе Мурињо доби отказ.

Како што се најавуваше во текот на вчерашниот ден, а потоа и по грешката на официјалниот веб-сајт на Јунајтед, Солскер се врати во поранешниот клуб.

„Јунајтед е во моето срце и мило ми е што се враќам во клубот. Сакам да работам со овој талентиран тим, како и со вработените во клубот“, кажа Солскер.

Исто така, Ед Вудворд беше среќен по враќањето на легендарниот фудбалер во клубот.