Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
И додека во групата 1 на СП е веќе познато кои се полуфиналните селекции, во групата 2 владее вистинска драма во пресрет на последното коло.
Данска ги има сите победи и осум бода, а по два помалку имаат Норвешка и Шведска, Во последното коло Данска и Шведска играат меѓусебе, а Норвешка против отпишаната Унгарија.
Норвежаните не се сигурно во полуфиналето ниту ако слават против Унгарија. Имено, Шведска и Данска можат да одиграат натпревар со кој обете селекции би минале натаму. Ако Шведска победи со два гола разлика, обете селекции ќе поминат натаму, во меч исто така во кој Данска впрочем би постигнала 30 погодоци.
Меѓутоа, најинтересниот расплет во кој ждрепката би одлучила е во случај Шведска со 29:27 да слави против Данска, а Норвешка со 30:26 против Унгарија.
Во тој случај сите три репрезентации би завршиле со осум бодови, и со една победа во меѓусебните дуели. Данска би била прва поради најдобрата гол-разлика, а Шведска и Норвешка би биле изедначени по сите сегменти.
„Не можеме да ја отфрлиме таа опција, но ме интересира математичката веројатност тоа да се случи со токму тие два резултати. Не очекува луд ден“, порача данскиот ракометен стратег, Бент Нејгард.