Каков удар за Мурињо на денот на дербито!


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Денес на островот стигна нова лоша вест за Жозе Мурињо, а тоа е нова повреда на важен играч за него.

Иако се шпекулираше дека Ерик Баји ќе се опорави до градското дерби со Сити, но неговата повреда се влошила и му претстои подолга пауза.

Репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска ќе мора на подолга пауза и тоа од шест до осум недели, што значи дека ќе пропушти голем број на натпревари во Премиер лигата.

После денешното дерби Баји ќе ги пропушти натпреварите со Борномоут, ВБА, Лестер, Барнли, Саутемптон, Евертон и Стоук.

Сепак, добра вест е што од повреда се опорави Фил Џоунс и тој ќе може да го завземе местото покрај Крис Смолинг.