Калдерон знае кој ќе биде нов тренер на Реал Мадрид!?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Реал Мадрид се соочува со огромни проблеми сезонава, откако испадна од борба за сите трофеи, а најголем шок за фановите беше поразот од Ајакс со 1-4 на „Сантијаго Бернабеу“ во осминафиналето од Лигата на шампиони.

Поранешниот претседател на Реал Мадрид, Рамон Калдерон ги изненади шпанските медиуми, откако откри дека на тренерското столче во „кралскиот клуб“ ќе седне Жозе Мурињо.

„Мурињо ќе седне на тренерската позиција во Мадрид. Неговата плата ќе биде 20 милиони евра годишно, но во секој случај мислам дека Португалецот ќе има многу проблеми во тимот, поради незадоволството на навивачите“, вели Калдерон.

„Кралевите“ во минатото беа предводени од Мурињо, кој седеше на тренерската позиција од 2010 до 2013 година, а под негово водство го освоија трофејот во шпанскиот шампионат во 2012 година.

Мурињо имаше неуспешна авантура во Манчестер јунајтед, со кој не успеа да го обезбеди трофејот во лигата, а потоа направи хаос на „Олд Трафорд“ и на крајот мораше да биде заменет со Оле Гунар Солскјер.