Капитенската лента не му е одземена без причина: Икарди се договорил со големиот ривал на Интер?


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


„Пукна тиквата“ помеѓу Интер и Мауро Икарди кој од пред неколку денови повеќе не е капитен на клубот.

Аргентинскиот напаѓач не се најде во протоколот за вечерашната средба против Рапид Виена токму поради новонастанатите проблеми во клубот.

Сепак, италијанскиот новинар Валер Де Маџо пренесува дека капитенската лента не му е одземена поради тоа што одбива да го продолжи договорот, туку затоа што Икарди веќе се договорил со лутиот ривал на Интер, Јувентус.

„Мислам дека во Интер знаат дека Икарди веќе се договорил со Јувентус. Интер е голем клуб и Марота е врвен спортски директор. Одземањето на капитенската лента на Икарди е голема одлука и поради тоа сум сигурен дека Икарди постигнал договор со Јувентус“- истакна Де Маџо.