Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Италија синоќа се прости од сонот дека ќе заигра на Мундијалот во Русија, а од играњето во репрезентацијата се простија дури четворица играчи.
Џорџо Киелини, Андреа Барзаљи, Даниеле Де Роси и легендарниот Џанлуиџи Буфон ги одиграа своите последни натпревари за Азурите.
Буфон по средбата низ солзи го потврди своето репрезентативно пензионирање, кое не заврши како што тој планираше, на големата светска фудбалска смотра. Неговото интервју го обиколи светот, многумина реагираа на истото, а меѓу нив и уште една легенда на модерниот фудбал- Икер Касиљас.
„Не сакам да те гледам ваков. Сакам да те видам онаков каков што беше и каков што многумина и понатака те гледаат- ЛЕГЕНДА! Горд сум на тоа што те познавав и што се имаме сретнато на теренот многу пати. Уште мора да не воодушевуваш на теренот пријателе“- напиша Икер Касиљас на својот Фејсбук профил.