Кениецот Бивот и Црногорката Перуничиќ победници на Охридскиот маратон „Влатко Димитров“

Денес во Охрид беше одржан 31 Меѓународен меморијален атлетски маратон на кој настапија атлетичари од повеќе земји.

Во машка конкуренција победи Кипкорир Бивот од Кенија кој патеката ја претрча за 1:41:19 пред Тамаш Наѓ од Унгарија и Илир Прудани од Косово. Најдобар наш претставник беше Кокан Ајановски.

Во конкуренција на дамите, прва низ целта мина Слаѓана Перуниќиќ од Црна Гора пред Ана Суботиќ од Србија и нашата Адријана Поп Арсова.