Кер се врати на тренинзите на Голден Стејт

Тренерот на Голден Стејт, Стив Кер се појави на тренинг на својот тим по повеќе неделна пауза поради проблем со грбот.

Кер го водеше тимот во првите 2 натпревари во ¼-финалната плеј-оф серија против Портланд, а потоа неговата улога ја превзема Мајк Браун.

Голден Стејт стигна до финале во Западот, а за противник го има Сан Антонио.

„Само ни ја даде својата проценка на серијата и што мисли да направиме. Јасно е дека Браун го водеше тренингот, но и тој беше тука.“

Првиот натпревар се игра вечерва од 21:30.