Учиме по најтешкиот пат: Со едукација за заштита и спасување до спречување на трагедии! ↓↓↓
Се одиграа уште пет натпревари од 29-то коло во Премиер Лигата.
Лидерот на табелата во ПЛ, Челси победи на гости кај Стоук, 1:2.
Вилијан во 13-та минута постигна фантастичен погодок од слободен удар за водство на сините. Голманот на Стоук, Грант потоа фантастично го одбрани ударот на Маркос Алонсо.
Во 37-ма минута Кејхил направи прекршок во казнениот простор, а Стоук доби пенал. Волтер беше сигурен од белата точка и го израмни резултатот.
Алонсо во второто полувреме ја погоди пречката. Победата на Челси му ја донесе Кејхил три минути пред крајот на натпреварот, 1:2.
Актуелниот шампион Лестер славеше на гостувањето против Вест Хем, 2:3, Евертон на Гудисон беше подобар од Хал, 4:0, Кристал Палас минимално го победи Вотфорд, а на натпреварот Сандерленд – Барнли не беа постигнати погодоци.