Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Раководството на Серија А вчера и официјално потврди дека на Киево од Верона ќе им бидат одземени три бода.
Овој клуб ја стартуваше сезоната во минус, а после девет кола успеа да забележи само две ремија така да сеуште не успеа да дојде до „позитивна нула“, последни се на табелата со -1 бодови.
Од Киево се жалеа со цел нивната казна да биде поништена, но нивниот обид се покажа залуден, бидејќи казната не беше усвоена.
Киево е казнет поради нерегуларности во тек на трансферот кој го правеше со Чезена, клуб кој во меѓувреме банкротираше.
Прилика конечно да излезе од минус Киево ќе има за време на викендот на гостувањето кај Каљари.