Кикс на Монако кај Амиен


Ќе го решиме проблемот со отпадот ако го гледаме како ресурс, а не како ѓубре! | Уште еден поткаст ↓↓↓


Во 13 коло од Лига 1, Монако киксираше на гостувањето кај Амиен играјќи без победник (1:1).

Првопласираниот ПСЖ сега има три бодови повеќе и еден натпревар помалку. Парижаните уште утре против Нант може да ја зголемат бодовната предност на плуст шест.

Амиен поведе во 31. минута преку Гакпе. Јоветиќ го врати Монако во игра во 67. минута, но сепак играчите предовдени од Жардим не стигнаа до пресврт.

Во вториот денешен натпревар од Лига 1, Лил со 3:1 славеше против Сент Етјен.