Кинезите испратија „безобразна“ понуда, напаѓачот изненадувачки го напушта Лестер


Диск голф го освојува светот, а го нема во Македонија!? ↓↓↓


Како што „Скај Спортс“ пренесува кинескиот клуб Тијанџин има намера да пазари на Кинг Пауер.

Екипата на Тијанџин прво проба да го доведе Диего Коста од Челси но тоа не им појде за рака.

Тргнаа потоа по Никола Калиниќ од Фиорентина, се договорија со управата на тимот од Фиренца но се пропадна кога Калиниќ почна да „затегнува“ околу договорот.

Сега пронајдоа нова опција, имено испратија понуда на адреса на Лисиците за услугите на нивниот напаѓач Ислам Слимани!

Алжирецот во летото стигна на Кинг Пауер како големо засилување, управата на Лестер Сити за неговите услуги плати 34 милиони евра, што е рекорд на клубот.

Сега добиле понуда за неговите услуги, а може и да профитираат. Имено, Тијанџин за поранешниот напаѓач на Спортинг испрати понуда тешка 40 милиони евра.

Ќе видиме дали споменатиот кинески клуб ќе “извиси“ и трет пат, а Лестер со својата одлука дефинитивно ќе покаже какви амбиции има за иднината на клубот.

Доколку се откажат од Слимани после само шест месеци, со оглед на моменталната состојба на табелата може и во наредното лето да останат без неколку важни играчи како сонародникот на Слимани и најдобриот играч на клубот Марез или Дени Дринквокер за кој одамна е заинтересиран Тотенхем.