Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Процесот на превземање ќе биде завршен во текот на есента, а Кинезите целосно подруго ќе го водат Милан од Берлускони!
Какви и да бидат плановите во тие не го вклучува Адријано Галијани.
Во клубот ќе стигне нов спортски директор, најверојатно Праде кој порано одби да работи во Рома и Фиорентина, а новите сопственици планираат да ги вратат легендите, Малдини и Костакурта.
Прв чекор ќе биде нов договор за младите играчи кои ќе го сочинуваат столбот на тимот. Пред се, во прашање е Донарума, најталентираниот голман на светот, па тогаш Ромањоли, Де Шиљо и Џакомо Бонавентура. Овој квартет ќе биде јадрото околу што ќе се формира екипата.
Новите сопственици нема до лето да вложуваат големи пари во трансфери, но на зима треба да се потполнат редовите.
Во Милан, речиси сигурно, ќе стигна Матео Мусачио од Виљареал со кого постои договор, со што ќе биде затворен стоперскиот тандем.
Освен одличниот Аргентинец се плаира доведување на Родриго Кајо, уште еден дефанзивец, како и Бадељ од Фиорентина кој е желба на Монтела.
Освен што е план се до лето да се формира солидна основа на која ќе бидат придодадени неколку играчи од светска класа со што ќе биде квалитетен тим кој ќе го одведат на повисоко ниво.
Нема да има хаотични купувања, ниту доведувања на слободни играчи, клубот ќе тргне во друг правец.
Целиот проект се базира на нов стадион, тоа е првата цел на кинеските сопственици, сметаат дека треба да се следи деловниот модел на Јувентус и дека единствено со нов стадион и постепено создавање на екипата на Милан да има шанси да се врати на некогашните позиции.