Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Меѓу тие што се шокираа од одлуката на Лестер да врачи отказ на Клаудио Раниери е и Јирген Клоп.
На Раниери се покажани излезните врати на Лестер само девет месеци после што е освоена историската титула, па поради тоа не чуди што од одлуката на челниците на клубот е изненаден и Јирген Клоп.
Тренерот на Ливерпул целата ситуација ја искоментира во свој стил:
„Го слушнав тоа во четврток навечер. Дали сум изненаден? Не, тоа е само фудбал, зарем не? За мене имаше неколку чудни одлуки во 2016 и 2017 година како што се Брексит, Трамп, Раниери…“, изјави Клоп за британските медиуми и додаде:
„Навистина не знам и не ја разбирам одлуката на луѓето од клубот. Сите ја видовме нивната ситуација во првенството и Лигата на шампшионите, но не и дел од неа.
Раниери е навистина прекрасна личност во оваа работа, добар човек.
Го запознав кога ме посети во Дортмунд и убаво зборувавме. Најдобро би било да отидов на прес конференцијата на Лестер и да ги прашам нив зошто тоа го направија“, заклучи Германецот.
Во оваа сезона Лестер под водство на Раниери не бележи најдобри резултати во Премиер лигата. Лисиците моментално се на 17 позиција и до крајот ќе водат грчевита борба за опстанок.