Клоп е воодушевен: Ново засилување за Ливерпул и тоа од – Сити!


ChatGPT ми беше гостин во поткаст – и не зажалив! ↓↓↓


Фудбалскиот сојуз на Англија во својот медицински тим го вработи главниот доктор на „црвените“, мет Копински, па Ливерпул мораше да бара ново решение.

Не стигнаа премногу далеку, односно го договорија Ли Нобс, кој веќе 11 години работеше кај „граѓаните“

Вчерашното дерби против Манчестер јунајтед беше последно во неговата кариера во Сити, па по репрезентативната пауза ќе се пресели во стручниот штаб на Јирген Клоп.

Германецот ќе биде воодушевен, зашто е познато колку внимание посветува на физичката подготвеност на фудбалерите пред големите напори на теренот.