Клоп: Луѓето постојано зборуваат за притисок, но такво нешто кај нас – нема!


Завршува сезоната: Негде се е познато, негде не се знае ништо! ↓↓↓


Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп кажа пред мечот против Борнмут дека никој во нивната екипа не чувствува притисок по два натпревари без победа.

„Црвените“ одиграа нерешено со Лестер и Вест хем (двете по 1-1) во претходните две кола и така му дозволија на Манчестер сити со ист број бодови да се израмни со нив на врвот на Премиерлигата.

„Луѓето зборуваат дека сме биле лоши во последните два натпревари поради притисок. Тоа се гледало на нашите лица. Искрено, јас такво нешто не гледам. Знаевме дека ќе биде тешка трка и во моментов сме тука. Никој не може да ја гарантира титулата. Сите сакаат 25 бодови повеќе од останатите ривали, но такво нешто не е реално“, кажа Клоп.

Ливерпул денеска од 16 часот на „Енфилд“ ќе игра против Борнмут.