Клоп: Фирмино не е единствениот, следуваат уште нови договори

Менаџерот на Ливерпул, Јирген Клоп, инсистира дека Роберто Фирмино нема да биде последниот играч кој го продолжил договорот со клубот.

Бразилецот се согласи на нов петгодишен договор, а сега се очекува Садио Мане и Мо Салах да го следат неговиот пример и да ја продолжат верноста со Ливерпул.

„Ова е многу важно за нас. Но, ни Роберто не може да игра сам. Мора да продолжиме на овој начин. Во овој момент секој фудбалер ги знае нашите планови. Тој е првиот кој го продолжи договорот, но сигурно нема да биде последниот“- коментираше Клоп.