Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Леброн Џејмс прифати четиригодишна соработка со Лос Анџелес Лејкерс, а добредојде му посака легендарниот Коби Брајант.
„Кралот“ последните четири години ги помина во Кливленд, откако стана слободен агент и реши да се пресели во Лејкерс, каде што во наредните четири години ќе добие 154 милиони долари.
Американските медиуми пишуваат дека пред одлуката да дојде во Лос Анџелес, Леброн контактирал со Брајант, по што имал состанок со претседателот на кошаркарските операции, Меџик Џонс.
„Кралот“ најпрво ги договори деталите со својот менаџер Рич Пол, а во контакт беше со Кавалирс, Лејкерс и Филаделфија.
Welcome to the family @KingJames #lakers4life #striveforgreatness @JeanieBuss @MagicJohnson and RP well done!!! ??
— Kobe Bryant (@kobebryant) July 2, 2018