Ковач нуди 52 милиони евра за млада ѕвезда на Челси


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Англиските медиуми пишуваат дека Баерн Минхен испратил понуда до Челси за 18-годишниот напаѓач Калум Хадсон-Одои.

Одои во неделата одигра 90 минути во победата на Челси од 3-0 против Шефилд Венсдеј, а тоа најверојатно му беше последниот настап за нив, доколку може да им се верува на Англичаните.

Баерн веќе долго време го следи 18-годишниот Англичанец, а управата на Баерн нуди 52 милиони евра за неговиот потпис.

Новинарите на „ЕСПН“ го прашаа Одои дали ја одиграл последната средба за Челси.

„Не знам што ќе се случи, не можам да го потврдам контактот со Баерн, но ќе продолжам напорно да работам и ќе видам што ќе се случи“, кажа Одои.