Кои се најуспешните дриблери во најсилните лиги? - Првото место загарантирано за идната ѕвезда

Еве ја листата на петте најдобри дриблери оваа година во најсилните лиги во светот.

Кога ќе ги погледнеме само петте најсилни европски лиги, англиската, шпанската, италијанската, германската и француската тогаш ќе стигнеме до следните бројки кога се работи за успешноста на дриблинзите на фудбалерите.

На списокот на најдобрите се наоѓаат петмина, а имате представа кој е прв?

Осман Дембеле од Борусија Дортмунд е најдобриот дриблер за 2016-та година со 144 дриблинзи.

Вилфрид Заха на големо изненадување е втор со 141, а зад него Нејмар со 138.

После тоа следат Еден Азар 118 и Хатем Бен Арфа со 115.