Колку се постари, толку се подобри: Овие играчите се како вино!


    Кој тепа, Ливерпул или Челзи!? ↓↓↓


    Во модерниот фудбал физичката подготвеност најверојатно е најважен дел за да може да играте што е можно подолго. Секој ден пристигнуваат многу нови, млади и талентирани фудбалери кои се физички подготвени и се закануваат на постарите колеги да ги симнат од тронот.

    И додека некои ветерани брзо се откажуваат, односно кариерата им завршува во 30-те години, тие другите имаат намера да докажат дека не се за во „отпад“.

    Во продолжение следат 10 големи ѕвезди кои имаат над 35 години и сеуште играат добро.

    1. Ариц Адуриз

    Листата започнува со добро познато лице. Станува збор за долгогодишен напаѓач на Атлетик Билбао, Ариц Адуриз кој е роден на 11 февруари 1981 година и веќе има 35 години. Сепак, тоа за него не е проблем, бидејќи сеуште е најдобар и најефикасен фудбалер во својот тим, а неодамна доби повик и во репрезентацијата на Шпанија. Постигна 8 голови во последните 7 натпревари.

    1. Давид Лафата

    Тој има 35 години, но тоа не се гледа на неговата статистика за постигнати голови. Овој напаѓач од Чешка е член на Спарта Прага, а минатите 2 сезони постигна по 20 голови. Оваа сезона постигна 8 голови.

    1. Златан Ибрахимовиќ

    За него не треба да се трошат зборови. Ибра оваа сезона постигна 6 голови во ПЛ за Јунајтед иако има 35 години.

    1. Дирк Кајт

    Кајт е најпознат по својата борбеност. Кајт секогаш заслужуваше аплауз поради својата борбеност. Најпознатите години од кариерата ги помина во Ливерпул. Денес игра за Фејнорд поради кој во 2014 година се прости од репрезентацијата на Холандија. Минатата сезона тој постигна 19 голови.

    1. Рубен Кастро

    Иако никогаш во кариерата не доби шанса во некој голем клуб, сепак тој е добро познато име во шпанскиот фудбал. Последните 6 сезони е член на Бетис за кој оваа сезона постигна 4 голови.

    1. Теофанис Гекас

    Многумина најверојатно се сомневаат дека тој сеуште игра фудбал, но тоа е вистина. Гекас е член на Сион за кој игра добро. Во 10 натпревари постигна 3 голови. Да потсетиме дека во текот на кариерата тој играше уште и за Леверкузен, Бохум и Херта.

    1. Кени Милер

    Станува збор за фудбалер кој многу допринесе во развојот на Шкотска во последните години. За Шкотска одигра 69 натпревари и постигна 19 голови. Во текот на кариерата најверојатно е најпознат по настапите за Ренџерс каде играше дури 3 пати.

    1. Франческо Тоти

    Ако постои конкуренција на Ибра на листава, тогаш тоа е Тоти. Иако најдобрите години за неговиот фудбал поминаа, сепак тој сеуште постигнува голови. Иако во текот на кариерата имаше многу понуди за да замине од Рома, тој одлучи да остане во тимот. Моментално има 40 години. Тој во 2000/01 ја освои Серија А. Во најсилниот ранг на италијански фудбал постигнаше преку 10 голови се до сезоната 2011/12 кога наполни 35 години. Освои 2 купа во Италија, а исто така го освои и СП со Италија во 2006 година.

    1. Самуел Ето

    Легендарниот напаѓач од Камерун сеуште постигнува голови и во турската лига. Ето е член на Анталијаспор, а оваа сезона постигна 3 голови на 8 натпревари. Секако, најдобрите денови ги помина во Барселона и Интер со кои освои титули во ЛШ. За Камерун на 118 натпревари постигна 56 голови.

    1. Масимо Макароне

    Тој има 37 години и настапува за Емполи за кој оваа сезона постигна 2 голови. Во текот на кариерата во Серија А постигна 122 голови. Стигна да одигра и 2 натпревари за Италија.