Конечно позната судбината на Аднан Јанузај

Белгискиот фудбалер, Аднан Јанузај пред неколку години беше еден од најголемите европски таленти, но никогаш не успеа да го искористи својот потенцијал.

Јанузај има 22 години и требаше да има важна улога во Манчестер Јунајтед, но е праќан на позајмици во други клубови.

Белгиецот со косовско потекло прво беше на позајмица во Дортмунд каде не се адаптира, па потоа во Сандерленд, но и таму не покажа многу.

Аднан Јанузај има договор уште една година со црвените ѓаволи, но англиските медиуми тврдат неговата судбина е позната.

Тренерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо процени дека Јанузај нема да може да му помогне и на лето ќе биде ставен на трансфер листата.

Останува да се види кој клуб е заинтересиран за Јанузај кој повеќе не е атрактивен како што беше.