Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Англиски весник донесе интересна приказна, Каталонците се сомневаат.
Антонио Конте е ново име на листата на Барза за кандидат за нов тренер, пренесува денеска ексклузивно Сандеј Експрес.
Според овој извор, Барселона наводно веќе го контактирала италијанскиот тренер, но каталонските медиуми се сомневаат дека вакво нешто е можно и тоа од две причини.
Прв е фактот дека Челси тешко ќе си дозволи да остане без менаџер кој ги води кон дупла круна, иако Конте и понатака држи се отворено кога е во прашање неговото останување.
Италијанецот сака да го засили својот договор, како и да има целосна слобода при изборот на купување на играчи поради тоа што во летото имаше спорови со Роман Абрамович.
Експрс отиде и чекор понапред, откри дека Леонид Слутски може да го замени Конте, поради тоа што е во добро односи со Роман Абрамович.
Втората причина е исто така многу реална, бидејќи се поставува прашањето – колку филозофијата на Конте се вклопува во тоа што на Ноу Камп се форсира речиси три децении?!
Јасно е дека тоа се судири на фудбалски сфаќања, Конте е повеќе свртен на дефанзивен фудбал, игра на контри и кратки напади, додека Барселона на посед и напаѓачки фудбал.
Меѓутоа, јасно е дека во овој тим на Барселона добро ќе дојде дисциплината на Барселона, авторитеот и тактиката на важните мечеви.
Од наведените причини, делува дека овој спој е невозможен, меѓутоа, доколку Роман не ги исполни сите услови на Конте, дали Барселона ќе направи нешто?!