Disc Golf challenge: Дали некој ќе погоди од прва!? ↓↓↓
„Кориере дело Спорт“ пишува дека Интер се врати во трката за ѕвездата на Реал Мадрид, Лука Модриќ.
Италијанците пишуваат дека капитенот на Хрватска уште е несреќен во Реал и дека ќе го напушти клубот.
Да потсетиме, Интер летоска преговараше со Модриќ, но не успеа во својата намера.
Сега наводно ситуацијата е поинаква и Реал е подготвен да го пушти Хрватот само доколку ги ангажира Нејмар или Килијан Мбапе.