Кој ќе биде шампион на Англија? Суперкомпјутерот го предвиде победникот!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер сити во моментов е лидер во англиската Премиерлига со 71 бод, додека Ливерпул има еден бод помалку, па очекуваме жестока битка до крајот на шампионската позиција.

Ливерпул беше лидер долго време во шампионатот, но потоа ја испушти предноста, па „граѓаните“ го преземаа врвот. До крајот на сезоната има уште девет кола и секој го предвидува шампионот, па свое предвидување имаше и Суперкомпјутерот.

Суперкомпјутерот предвиде дека Манчестер сити ќе ја освои титулата во Премиерлигата, односно ќе има еден бод предност пред Ливерпул.

Од друга страна, навивачите на Манчестер јунајтед може да бидат среќни затоа што најверојатно ќе ја освојат четвртата позиција и ќе обезбедат пласман во Лигата на шампиони.

Јунајтед во завршницата од сезоната треба да се бори со Арсенал и Челси за четвртото место, а според Суперкомпјутерот, „топчиите“ ќе завршат петти додека „сините“ ќе бидат шести.

Тоа значи дека Арсенал ќе остане без Лигата на шампиони, како и Челси, освен ако некој од нив не успее да ја освои Лига Европа.