Не се плашам од немање пари – FitKit, Coach Foods и претприемачкиот пат на Јосиф Дамјанов ↓↓↓
Арсенал вчера сосема очекувано беше поразен од Сити со 3-1. Топџиите сега се на шесттото место со 47 освоени бодови и навивачите никако не можат да бидат задоволни.
Тимот на Емери благо речено делува неуверливо, а заминувањето на Венгер не промени многу. Повторно управата не инвестираше поголема сума на пари, па вистински засилувања изостанаа и оваа зима.
Емануел Петит, легенда на Арсенал смета дека челниците на клубот не направија добар потег со раскинувањето на соработката со Венгер кој си отиде после 20 години, со обзир на тоа дека политиката на клубот остана иста.
„Да го отпуштите Венгер и доведете нов тренер и да му кажете дека нема пари за нови играчи, тогаш која е поентата?“, се запраша Петит.
Арсенал веќе долго време нема извдоено средства за вистински засилувања, па изостануваат и добрите резултати.
„Емери веројатно бил фрустриран кога му рекле дека во јануари ќе нема нови засилувања. Останатите клубови од врвот на лигата трошат и ако не можете да се носете рамо до рамо со нив, тогаш немате никакви шанси“, јасен беше Петит.