Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Чилеанецот Алексис Санчез не го оправда епитетот засилување во Манчестер Јунајтед.
Алексис пристигна на Олд Трафорд на почетокот од 2018. година и наводно веќе размислува за заминување од Театарот на соништата, па неговите денови во англискиот великан можеби се веќе одбројани.
Дејли Мејл тврди дека неговиот агент веќе го истражува пазарот и бара заинтересирани клубови, но со обиз на тоа дека платата му е огромна, тешко дека некој ќе му понуди такви услови какви што има во Јунајтед.
Исто така, фактот што има договор на четири години ја отежнува можноста за лесно заминување во јануари, но во светот на фудбалот се е можно.
Оваа сезона Алексис постигна само еден гол на седум натпревари, а вкупно за девет месеци постигна четири голови на 25 натпревари.