Крај на надежта за Болт: Барал милионски договор, Австралијанците му понудиле „ситнеж“


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Усеин Болт нема да игра фудбал во австрискиот тим Централ Кост Маринерс.

Изминатите месеци најбрзиот човек на светот тренираше со оваа екипа, но преговорите околу договорот пропаднаа и Болт нема да потпише за овој тим.

Болт бараше огромна сума на пари. Сакаше договор од 1.8 милиони евра но раководството било спремно да плати само 95.000 евра.

Секако, оваа понуда е одбиена и Болт веќе нема да биде дел од тренинг екипата на овој тим.

„Му благодарам на тимот, играчите, навивачите кои одлично ме прифатија. На клубот му посакувам успех во продолжението на сезоната”- кратко рече Болт.

Болт ја напушти атлетиката во 2017 година и од тој момент 32 годишниот јамајчанец сака да се проба во фудбалот.