Кризата во Јунајтед колуминираше: Мурињо жестоко го вреѓал Погба


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Манчестер Јунајтед продолжи со серијата лоши игри. Овој викенд избраниците на Жозе Мурињо ремизираа на гостувањето кај Саутепмтон 2-2.

Јунајтед губеше 2-0 и се чинеше дека се наоѓа пред нов пораз, но на крајот Црвените Ѓаволи успеаа да дојдат до бод. Според пишувањата на британските медиуми бурно било и во соблекувалната на Јунајтед после мечот.

Муроњо влегол во расправија со Погба, што не е прва ваква ситуа ција оваа сезона.

„Ти не играш, не ги почитуваш играчите и навивачите. Го убиваш менталитетот на чесните луѓе, ти си вирус“, наводно му рекол Мурињо.

Судејќи според се, Погба веќе во јануари ќе го напушти Јунајтед, додека статусот на Мурињо сеуште е неизвесен. Навивачите бараат негово заминување и нови засилувања, но челниците на клубот засега молчат.