Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Сега и дефинитивно.
Џоел Кемпбел во наредната сезона дефинитивно нема да игра во Спортинг од Лисабон.
Овој фудбалер е на позајмица во тој клуб, но не успеа да се наметне и сигурно е дека нема да остане во наредната сезона, па ќе се врати во Арсенал.
Во оваа сезона одигра 25 натпревари за Спортинг, има 4 голови и 4 асистенции, но воглавно влегува од клупа.
„Не постои опција по која Спортинг може да ме купи. Ќе ја завршам позајмицата, па се враќам во Арсенал“, рече Кемпбел за португалските медиуми.
Овој Костариканец го изразуваше своето незадоволство кај Арсен Венгер кој упорно го испраќаше на позајмица бидејќи не може да му гарантира место во стартниот состав.
Дали така ќе биде и во следната сезона?