Кристијано Роналдо одби да игра против Италија

Португалската ѕвезда на Јувентус, Кристијано Роналдо, нема да игра за својата репрезентацијата против Италија на десетти септември.

Роналдо одлучил да остане во Торино за да тренира со екипата и таа одлука ја соопштил на Фудбалскиот сојуз на Португалија.

Една недела потоа „Старата дама“ ќе игра во Лигата на шампиони, а Роналдо сака да е 100% подготвн.

Роналдо уште не успеа да го постигне својот прв гол за новиот клуб.