Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Новиот ракометар на Вардар, Даинис Кристопанс е меѓу првите играчи кои пристигнаа во Скопје пред почетокот на подготовките за новата сезона.
Летонскиот интернационалец не чекаше многу и веќе почна да одработува тренинзи во теретаната во СЦ „Јане Сандански“.
Кристопанс треба да претставува засилување за вардарци на десната бековска позиција и е донесен во тимот како замена за Алекс Душебаев кој замина во редовите на Киелце.
Летонскиот џин беше највисок ракометар минатата сезона во Лигата на шампионите со 213 сантиметри. Минатата сезона во СЕХА лигата и Лигата на Шампионите, Кристопанс искомбинира вкупно 152 погодоци.