Куманово го зацврсти првото место – Карпош го прекина натпреварот поради судиите!


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Денес се одиграа 2 натпревари од БИБЛ лигата.

Во првиот натпревар Куманово успеа да победи против Пеја со 80:76.

Одлично го отворија натпреварот играчите на Куманово со 22:12 во првата ¼-на, а до крајот на полувреме одиграа малку послабо, но доволно добро за да заминат со предност на полувреме од 39:32.

Вториот дел започна со голема борба и израмнета игра, па Куманово во третата ¼-на успеа да победи со 19:18, а до крајот на натпреварот одиграа рутински и победија со 80:76.

Во вториот натпревар кој се играше во Скопје помеѓу Карпош и Теодо, домашните кошаркари го прекинаа натпреварот откако тренерот Николиќ го повлече тимот поради незадоволството од судиските одлуки.

Резултатот кога се повлече тимот на Карпош беше 61:60 за гостите.

Што ќе се случува со овој натпревар, ни останува да видиме во наредните денови.