Лабуништа со прволигашки засилувања


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


ФК Лабуништа официјално ги претстави новите засилувања во пресрет на новата сезона во Втората македонска фудбалска лига- Запад.

Лабуништани пласманот во Втората лига го обезбедија преку бараж натпреварите минатата сезона, а во претстојниот период го подготвуваат составот за новата сезона.

Нови засилувања на клубот се Дејан Лескароски кој доаѓа од редовите на Брегалница, како и Наум Џалески кој во минатото има настапувано за екипите на Охрид, Напредок и Младост Царев Двор.

Од клубот објавија дека постигнале договор со уште еден фудбалер со големо прволигашко искуство. Станува збор за Александар Далчески кој во минатото ги бранеше боите на Охрид, скопски Металург, Младост Царев Двор и Брегалница.

Во новата сезона Лабуништа ќе биде предводена од Пепи Џигероски.

Од клубот неодамна во оптек ги пуштија и членските книшки кои се во вредност од 300 денари за младинци, по 500 и 1000 денари за возрасни, а ВИП членската карта изнесува 50 евра.

Покрај Лабуништа и Струга Трим и Лум прави конкурентен тим за Втората македонска лига. Се шпекулира дека од следната сезона дресот на Трим и Лум ќе го облечат Артим Положани и Влатко Гроздановски.