Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Златан Ибрахимовиќ на мечот против Андерлехт од Лигата на Европа минатата сезона ги скина лигаментите на коленото, а многумина поради неговите години (36) сметаа дека тоа ќе биде крај на неговата кареира.
Меѓутоа, шведскиот ветеран два месеци по повредата започна со полесни тренинзи, а вчера го заигра и првиот натпревар во оваа сезона.
Златан вчера одигра 15 минути на натпреварот против Њукасл и веднаш измами воздишки од публиката со неколку одлични потези на натпреварот.
Веднаш по средбата, запрашан од новинарите како се чувствува Ибрахимовиќ изјави: „Воопшто не сум загрижен затоа што знам што правам. Мојата глава игра, а моето колено само ја следи. Лавовите не заздравуваат како луѓето“.
Оваа изјава измами насмевка и кај Пол Погба кој беше веднаш до него. И францускиот фудбалер вчера се врати на терените по двомесечна пауза поради повреда. Погба беше избран за играч на натпреварот во кој постигна еден гол и запиша една асистенција.