Напаѓач си заминува од Милан?


Како започна приказната со Goblin Games - од гаража до бренд! ↓↓↓


Напаѓачот на Милан, Џанлука Лападула на лето би можел да си замине од Сан Сиро.

Тој дојде од Пескара минатото лето за 9 милиони евра, на почетокот не се снајде баш најдобро на Сан Сиро но во последно време добива шанса доста и запиша неколку голови.

Тоа ги привлече скаутите на Марсеј, кои се спремни да понудат дури 20 милиони евра за услугите на овој играч и да го доведат, но само едно е сигурно, тоа е дека Лападула нема да оди никаде до крајот на сезоната.

Да се потсетиме дека Лападула минатата сезона постигна дури 30 голови и 12 асистенции играјќи за Пескара во Серија Б.