Лајпциг со крупни чекори оди кон Лигата на шампионите

Ред Бул Лајпциг во првиот натпревар од 22.коло од Бундеслигата славеше рутинска победа над Аугсбург.

Составот на Ралф Хасенхут на Ред Бул арената славеше со резултат 2:0, а со победата фудбалерите на Лајпциг го прескокнаа Баер Леверкузен и сега се второпласирани во Бундеслигата.

Домаќините во водство стигнаа во 17. минута кога мрежата на Аугсбург ја затресе Упамекано, а конечниот резултат го постави Кеита во 70. минута.