Леброн го „турна“ Коби на вечната листа и го врати ударот против Индијана


Данска vs. Македонија: Како тие се справуваат со отпадот, додека ние се расправаме кој е крив? ↓↓↓


Кошаркарите на Кливленд ја победија Индијана со 104-100 и направија брејк во четвртиот меч, па израмнија на 2-2 во плејоф-серијата.

Најдобар кошаркар беше Леброн Џејмс со 32 поени, 13 скокови, седум асистенции и две блокади, а Корвер постигна 18 додека Џеј Ар Смит и Џордан Кларксон по 12.

На џејмс ова му беше 221. меч во плејоф-серијата во кариерата и сега се наоѓа на шестата позиција на вечната листа, откако го премина Коби Брајант.