Лесна победа на Сити против Волверхемптон


Дербија во Мадрид и Минхен: Последна шанса за Тен Хаг? ↓↓↓


Манчестер Сити и Волверхемптон  вчера на Етихад го одиграа последниот меч од 22. коло во Премиер лигата, а Граѓаните славеа сигурна победа од 3-0.

Домаќините поведоа веќе во 10. минута после одличната кација која ја заврши Габриел Хесус, додека Сане беше асистент.

За втор гол Сити чекаше до 39. минута кога Габриел Хесус постигна погодок од белата точка.

Се играше 78. минута кога Де Бруин, кој влезе нешто порано во игра на местото на Силва ја уфрли топката во казнениот простор, а Коади несакајќи ја пласираше топката во својата сопствена мрежа за конечни 3-0.

Сити со оваа победа повторно дојде на -4 поени позади првопласираниот Ливерпул кој има 57 бодови. Волвси останаа на 11. со 29 бодови.