Лестер го отпушти Шекспир


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Крег Шекспир повеќе не е тренер на Лестер откако од управата се решија да му врачат отказ на англискиот стратег.

„Лисиците“ победија само еднаш по првите осум кола во Премиер Лигата, а од клубот се одлучија да му дадат отказ на Шекспир по вчерашното реми со ВБА.

Мајкл Аплетон ќе биде привремено решение за клубот и ќе го води тимот на натпреварот против Свонси во сабота.

Крег Шекспир му беше асистент на Клаудио Раниери за најуспешната сезона во историјата на Лестер кога „Лисиците“ ја освоија Премиер Лигата, а потоа го наследи Италијанецот, најпрво како привремено решение, а потоа и како постојан менаџер откако потпиша тригодишен договор со клубот во јуни оваа година.