Лестер го пронајде новиот тренер


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Клод Пуел е во напредни преговори со раководството на Лестер за да стане нов предводник на клубот.

Францускиот стратег би можел да седне на клупата на „Лисиците“ уште на неделниот натпревар против Евертон.

Како што пренесува Скај Спортс, поранешниот тренер на Саутемптон ги импресионирал потпретседателот на клубот Аијават Шривадханапрабха и директорот Џон Рудкин на состанокот кој бил одржан далеку од клупските простории. Весникот пренесува дека веќе има договор за личните услови, но се уште постојат пречки за докомплетирање на тренерскиот состав на Клод Пуел.

Се очекува актуелниот в.д тренер на Лестер, Мајкл Апелтон да остане во клубот како помошник на Пуел.