Лестер како замена за Махрез донесе негов колега од репрезентацијата на Алжир

Од таборот на Лестер како замена за Ријад Махрез го донесоа досегашниот крилен фудбалер на Монако, Рашид Гезал.

26 годишното крило е петто засилување за Лестер откако потпиша четиригодишен договор со „Лисиците“.

Претходно на „Кинг Пауер Стадионот“ пристигнаа Рикардо Переира, Џони Еванс, Џејмс Медисон и Дени Ворд.

Гезал има 13 настапи во дресот на Алжир, а минатата сезона во дресот на Монако на 26 настапи запиша четири асистенции и два погодоци.