Ливерпул во акција: Клоп го руши светскиот рекорд!?


Се за новиот формат во Лигата на Шампиони! ↓↓↓


Ливерпул сезонава се бори за трофеите во Лигата на шампиони и Премиерлигата, а на Јирген Клоп на лето ќе му бидат потребни нови засилувања, иако летоска го урна рекордот за дефанзивци, кога го купи Вирџил Ван Дајк.

Наскоро тоа би можело да се промени затоа што португалски „Рекорд“ пишува дека „црвените“ се загреани за Францис Фереира Фера од Бенфика.

Фудбалерот на португалскиот тим игра на стоперската позиција, а има само 21 година и беше приклучен на првиот тим од почетокот на втората полусезона.

Многу европски клубови ја следат неговата игра во вториот тим на Бенфика, па доживеа вистински „бум“ од јануари откако запиша девет настапи и постигна три гола во сите натпреварувања за првата екипа.

„Рекорд“ пишува дека неговата откупна клаузула е 85 милиони фунти, а доколку Ливерпул реши да го купи, тогаш ќе го урне рекордот на Ван Дајк.

Сепак, рано е да се зборува за такво нешто бидејќи Фера е млад и почна да игра фудбал во најсилната португалска лига пред краток период.