Ливерпул дава 50 милиони за играч на Фиорентина

Од Ливерпул се подготвени да платат 50 милиони евра за да го обезбедат потписот на фудбалерот на ФИорентина,  Федерико Чиеса.

20 годишниот фудбалер кој е син на поранешниот италијански интернационалец, Енрико Чиеса, е посочен како еден од најталентираните играчи во Серија А.

Чиеса досега има постигнато десет погодоци и имал десет асистенции во неговите 68 средби за Фиорентина, а од Виола го проценуваат на 50 милиони евра.

Од Ливерпул покажале најголем интерес за напаѓачот, додека Наполи, Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед исто така се заинтересирани за неговите услуги.