Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Од редовите на Ливерпул ќе се насочат кон бразилскиот интернационалец од редовите на Џиангсу Сунинг, Алекс Тешеира.
„Црвените“ од Ливерпул беа заинтересирани за овој играч и во 2016 година, но тогаш трансферот не се реализира. Во тој момент Тешеира играше за Шахтјор, а украинскиот клуб одби понуда од Ливерпул вредна 24.5 милиони фунти.
Сега од Ливерпул планираат да испратат слична понуда за играчот кој на 31 натпревар во Кина постигна вкупно 15 погодоци.