Лион – За најдобриот фудбалер ќе морате да издвоите 40 милиони евра


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Француските медиуми пренесоа дека најдобриот фудбалер на Лион во оваа сезона вреди 40 милиони евра.

Лион е спремен да го продаде Корентин Толисо за 40 милиони евра.

Сепак, претседателот на овој клуб, Жан Мишел Ола не сака да го продаде својот најдобар фудбалер во јануарскиот преоден рок, туку на лето.

Младиот репрезентативец на Франција оваа сезона постигна седум погодоци и запиша три асистенции во сите натпреварувања и поради тоа е мета на многу клубови.

Најзаинтересиран е Јувентус кој сака да најде решение во средниот ред бидејќи пропадна обидот да го доведат Аксел Витсел кој од Зенит замина во Кина.

Примарна желба на Јувентус е италијанскиот репрезентативец и фудбалер на ПСЖ, Марко Верати за кој се спремни да понудат 80 милиони евра.