Ловрен почна со тренинзи, но уште долго нема да оди „во акција“


Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


Дејан Ловрен беше еден од клучните играчи на хрватската репрезентација која под водство на селекторот Далиќ направи историски резултат на Мундијалот во Русија.

Се очекуваше Ловрен да го превземе своето место во дефанзивната линија на Ливерпул во оваа сезона кога многу се очекува од овој тим, но тоа сеуште не се случи.

Имено, Ловрен во август се врати во кампот на Ливерпул, но пристигна со сериозна повреда на мускулите на абдоменот. Поради овие проблеми Ловрен сеуште нема настапено за Ливерпул во новата сезона, а сега пристигнуваат вести дека неговото враќање на терен ќе почека.

Се шпекулираше дека Ловрен наскоро би можел да го видиме на терен затоа што започна со индивидуални тренинзи, но сега англиските медиуми соопштуваат дека неговата пауза ќе продолжи до крајот на октомври, па така 29 годишниот стопер веројатно ќе истрча на терен после октомвриската репрезентативна пауза.

Во Ливерпул не се воопшто среќни поради состојбата во која се наоѓа Ловрен откако се врати од Мундијалот, но досега Гомез одлично го замени хрватскиот стопер во екипата од Енфилд.