Викенд за уживање: Дерби до дерби секаде! ↓↓↓
Челси и Тотнем водат голема битка за дефанзивецот на Баерн Минхен, Матс Хумелс, барем така пишува германски „Билд“.
Англичаните се заинтересирани за фудбалерот на Баерн, а неговиот агент Марк Косицке, кој разговарал со Челси и Тотнем.
Во секој случај, претседателот на Баерн Минхен, Карл-Хајнц Румениге, кажа дека поранешниот дефанзивец на Борусија Дортмунд ќе остане до крајот на договорот, односно 2021 година.
„Ние разговаравме во претходните денови и тој ќе игра за Баерн и во втората половина од сезоната“, кажа Румениге.