Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Три од главните фаворити за титулата, Голден Стејт, Кливленд и Сан Антонио доживеаја порази изминатата ноќ во НБА Лигата.
Индијана Пејсерс рано стигна до предност на натпреварот против Сан Антонио. Во првото полувреме посебно добар беше Богдановиќ кој постигна три тројки со ред, а двете четвртини ги заврши со 13 поени зад своето име. Сан Антонио се врати во последната четвртина, а во последните седум минути стигна и до предност од девет поени разлика.
Сепак домаќините со серија од 12:3 се вратија во игра и го израмнија резултатот, а јунак на вечерта беше Виктор Оладипо кој на десет секунди пред крајот на натпреварот погоди за три поени од тешка ситуација преку Ламаркус Олдриџ.
Кливленд уште еднаш одигра очаен натпревар, овој пат против Њујорк Никс. На влезот во последната четвртина, Њујорк водеше со 17 разлика. Кливленд изгуби на четири од последните пет натпревари, но тоа не ги разочарува многу ѕвездите на овој клуб. Леброн Џејмс истакна дека сезоната е долга и дека не е време за паника. Тим Хардавеј заврши со 34 поени зад своето име, додека Порзигинс уфрли 32 поени на кои надополни и 12 скокови. Кевин Лав беше предводник на Кливленд со дабл-дабл учинок од 22 поени и 11 скокови.
Детроит Пистонс на крилата на Бредли (23 поени) и Реџи Џексон (22 поени) го совладаа актуелниот шампион во НБА Лигата, Голден Стејт Вориорс. Со оваа победа Детроито има најдобар скор на Истокот (5-2). Кај Визардс најпрецизен беше Томпсон кој натпреварот го заврши со 29 поени. Дурант и Кари завршија со 28 односно 27 реализирани поени.
Резултати:
Атланта- Милвоки 106:117
Индијана- Сан Антонио 97:94
Шарлот- Орландо 120:113
Бруклин- Денвер 111:124
Сакраменто- Вашингтон 83:110
Кливленд- Њујорк 95:114
Голден Стејт- Детроит 107:115