Лоши вести за Мурињо, Погба како Нејмар?


Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓


Пол  Пофба би можел да биде дополнително казнет поради исклучувањето на мечот против Арсенал.

Како што пренесуваат англиските медиуми, Пол Погба би можел да помине уште полошо, доколку ФА го уважи записникот на судијата после натпреварот.

Наводно, Погба автоматски добива три меча суспензија поради директниот црвен картон, но тоа не е се.

Французинот може да биде казнет и поради неспортско однесување, односно непочитување на судиските одлуки, затоа што аплаудираше на патот кон тунелот.

На оствровот се потсетија дека поради истата причина, Нејмар минатаа сезона доби четири меча суспензија која после исклучувањето му аплаудираше на судијата.

Се стравува дека Погба би можел да добие уште еден меч суспензија, токму поради аплаудирањето, а во тој случај покрај мечевите против Манчестер Сити, Борнемут и ВБА, би можел да го пропушти и натпреварот и во Лига купот против Бристол Сити.